Регионот својата туристичката понуда ја збогатува поврзувајќи ги двете туристички населби Абланица и Равна Река со пешачка патека која се протега низ прекрасни шумски предели по должината на река Брегалница во должина од 4 км..
До рајската убавина во срцето на Малешевијата, изворите на Брегалница, води 1, 5 км долга пешачка патека, преку мостови и стрмни скали. Физичкиот напор е занемарлив во поглед со храната за очите од недопрената природа.
Ако природата овде дарувала, државата од секогаш ја игнорирала потребата од инфраструктура поради што Равна Река мака мачи да се наметне како туристичка дестинација.
- Овде влечат природните убавини, воздухот, но државата треба да вложи повеќе тука, да се донесе струја имаме 50 вили, немаме струја, Горги Манаилов, сопственик на вила од Штип.
Ставањето во функција на туризмот на овој природен раритет е адутот на Пехчево во трката поевропските пари предвидени за прекугранична соработка.
- Проектите со Општина Кресново, за прекугранична соработка каде цел исток од Опш. Пехчево преку Панчарево и Делчево ги врзуваме сите содржини и еколошки и археолошки, туристички и планински туризам. Со опш. Кресна од соседна Бугарија ќе одиме со тој проект бидејќи ова е најдобар потенцијал за комплетен развој на пограничниот дел, истакна градоначалникот на Пехчево, Јованчо Станоевски.
Пехчево го урбанизира локалитетот Равна Река. На површина од 40 хектари предвидена е изградба на мотел, два хотели и над 150 викендички. Паралелно ќе се решава и проблемот со струјата и патот.До рајската убавина во срцето на Малешевијата, изворите на Брегалница, води 1, 5 км долга пешачка патека, преку мостови и стрмни скали. Физичкиот напор е занемарлив во поглед со храната за очите од недопрената природа.
Ако природата овде дарувала, државата од секогаш ја игнорирала потребата од инфраструктура поради што Равна Река мака мачи да се наметне како туристичка дестинација.
- Овде влечат природните убавини, воздухот, но државата треба да вложи повеќе тука, да се донесе струја имаме 50 вили, немаме струја, Горги Манаилов, сопственик на вила од Штип.
Ставањето во функција на туризмот на овој природен раритет е адутот на Пехчево во трката поевропските пари предвидени за прекугранична соработка.
- Проектите со Општина Кресново, за прекугранична соработка каде цел исток од Опш. Пехчево преку Панчарево и Делчево ги врзуваме сите содржини и еколошки и археолошки, туристички и планински туризам. Со опш. Кресна од соседна Бугарија ќе одиме со тој проект бидејќи ова е најдобар потенцијал за комплетен развој на пограничниот дел, истакна градоначалникот на Пехчево, Јованчо Станоевски.
Пехчево го урбанизира локалитетот Равна Река. На површина од 40 хектари предвидена е изградба на мотел, два хотели и над 150 викендички. Паралелно ќе се решава и проблемот со струјата и патот.