BerovoBooking е веб портал кој е наменет претежно за презентирање на потецијалните сместувачки капацитети во малешевијата. BerovoBooking не врши резервирање и не посредува помеѓу сопстевниците на сместувачките капацитети и гостите, едноставно на овој портал се објавени кратки информации како и местоположба за сместувачките капацитети и податоци за контакт (телефонски броеви, електронска пошта и сл.) од одговорните лица за секој објект поединечно.

BerovoBooking започна во август 2009 година како проект на SNV (Холандската Развојна Организација) кој ја финансираше неговата изработка и помагаше во неговото одржување во рамките од една година со цел да се промовира туризмот во Берово и малешевијата.

SNV е Холандската Развојна Организација која постои веќе 45 години и која работи во 32 земји околу светот. SNV е посветена на општеството каде што сите луѓе ја уживаат слободата за реализирање на сопствениот одржлив развој.